Полицијата во Туркменистан лови граѓани кои задниците ги бришат со слики од претседателот

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Туркменистан споревуда сеопфатна истрага по тоалетите и трага за докази кои б потврдиле дека дел од населението користи дневни весници со фотографии од авторитарниот претседател Гурбангули Бердимухамедов за да по голема нужда ги бришат своите задници, наместо да користат тоалетна хартија, јавува ВВС.

Претседателот на Туркменистан пука, фрла ножеви, прави згибови и се претставува како БОГ (видео)

Loading...

Дека во западната туркменистанска провинција Балкан се споведува надзор над јавните и приватни тоалети пишува и порталот Фергана, инаку познат како доверлив извор за веродостојни информации од Туркменистан.

Полицајците пребаруваат и контејнери и јавни депонии за да се уверат дали фотографиите од шефот на државата се „извалкани“.

– Постои посебен редар на секој отпад чија задача е да ги прегледува отпадоците во потрага за фотографии и така да утврдат од чија куќа доаѓаат весниците, односно кој е претплатник, па да го пријават во полицијата, пишува Фергана и додава дека луѓето кои ќе бидат прогласени за виновни дека ја „уништиле“ фотографијата на претседателот ќе добијат предупредување.

10 работи за Туркменистан кои сигурно не сте ги знаеле

Но, како што пишуваат „Алтернативни новости на Туркменистан“ постои голема веројатност дека бројот на издадени предупредувања ќе биде огромен, бидејќи жителите на Туркменистан се осиромашени поради моменталната економска криза и немаат намера парите да ги трошат за тоалетна хартија.

 

 

– Зошто да купувате тоалетна хартија ако имате листови на државни вестници на кои луѓето од Туркменистан се присилени да бидат претплатници, пишува во статијата во која додаваат дека по нуждата тешко може да се избегне ликот на претседателот со оглед дека неговите фотографии доминраат во сите весници на повеќе или помалку сите страници.

Престолнината на Туркменистан има аеродром за Гинис (галерија)

Полицискиот десант на тоалетите е разоткриен откако се појавиле извештаи за приведување на неколкумина малолетници кои се теретат дека ги „извалкале“ фотографиите на претседателот. Исто така уловени се деца, кои играјќи се ги згазнале неговите фотографии, а некои дури се дрзнале да му исцртаат и мустаќи.

Loading...

Leave a Reply