Полицијата интервнираше за да спаси две деца заклучени во возило во Скопје

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар ,,Видое Смилевски Бато’’ во паркирано патничко моторно возило ,,алфа’’ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

– Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники,, Мајка Тереза’’, велат од полицијата.

По преземени мерки од полициските службеници пронајдени биле Т.Т.(44) и М.Н.(35), родители на децата.

Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply