Погледнете спектакуларни снимки од расклопувањето на најголемата ракета за вселенско патување некогаш направена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ракетата Старшип на американската компанија Спејс Икс треба да биде лансирана во орбитата до крајот на 2022 година, со што ќе направи уште еден голем чекор кон официјалниот лет во вселената.

Loading...

Досега јавноста во неколку наврати имаше можност да види како Старшип ги тестира своите мотори и способноста да лета, лебди и слетува.

Новото видео што ни го објавија на Твитер од Спејс Икс го прикажува Старшип во сосема ново светло. Поточно, ова е видео снимено со дрон, што значи дека гледачите имаат посебна можност да видат како изгледа расклопувањето на оваа огромна ракета.

Само расклопувањето на ракетата, која според неофицијални проценки треба да биде висока околу 120 метри, е направено на 14 февруари, откако ракетата била поставена на моторниот систем „Супер Хеви“ за да се провери дали системите се поклопуваат еден со друг.

Да потсетиме, Старшип, откако ќе биде завршен и подготвен за лет, ќе биде највисоката ракета некогаш направена за патување во вселената. Спејс Икс веќе се договори со НАСА дека оваа ракета ќе носи астронаути на Месечината како дел од програмата Artemis, а сопственикот на Спејс Икс, Илон Маск, постојано истакнуваше дека Старшип е тој што ќе ги носи луѓето на Марс.