Почнува постапката за набавка на брзи тестови, бројот на нови случаи постепено и благо опаѓа

Сподели со своите пријатели

Денеска почнува постапката за набавка на брзи тестови со дел од буџетот кој со ребалансот стигна во Министерството за здравство. Во меѓувреме 20.000 тестови стигнаа како донација, 13.000 се веќе поделени и се користат во многу здравствени установи во земјава. Уште 6.000 во овој момент има во резерва и имаме план каде да се дистрибуираат во текот на следната недела, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.

Loading...

Согласно анализата на Институтот за јавно здравје, посочи министерот, процентот на позитивни случаи од тестирани генерално се движи меѓу 36 и 41 процент, а највисок процент – 41,2 на позитивни од тестирани е регистриран на 17 ноември, кога има најголем број нови случаи – 1407 и после тоа бројот на нови случаи постепено и благо опаѓа.

Потенцира дека бројот на нови случаи забавува после период од две до четири недели нагл пораст на бројот на новодијагностицирани.

– За жал евидентен е порастот на смртни случаи и на глобално ниво и кај нас. Тоа што охрабрува е дека расте бројот на оздравени пациенти од домашно и болничко лекување. Конкретно минатата недела процентот на оздравени во однос на претходната недела е зголемен за 45 проценти, а трендот на зголемен број оздравени пациенти продолжува и во текот на оваа недела. Просекот на хоспитализирани во изминатите две недели е околу 1280, а проценот на хоспитализирани од вкупниот број случаи е 6,7 и во целокупниот овој период е многу близу до 7 проценти, рече Филипче.

Нагласи дека мобилизиран е целокупниот кадар на сите одделенија, ангажирани се и дел од приватните специјализанти кои покажале волја да се вклучат во овој процес, како и дел од младите и лиценцирани лекари кои имаа платена пракса, која за дел од нив заврши и се разговара за модалитетите за нивно вработување во здравствениот систем, а на тоа се работи со Фондот за здравствено осигурување и Министерството за финансии.

– Системот „МојТермин“ освен во некои клиники каде е редуциран, работи нормално. Нема одложување на хроничните интервенции. Сега и во целокупниот изминат период во болниците во Скопје и во другите градови има слободни кревети. Има доволна количина заштитна опрема близу милиони ипол парчиња, дел од набавки дел од донации, додаде Филипче.

Рената Пепељугоска

Leave a Reply