Атлетскиот клуб Куманово повторно е шампион на Македонија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Атлетскиот клуб Куманово повторно се искачи на врвот на македонската атлетика, освојувајќи го Сениорскиот куп на натпреварувањето што се одржа на 16 и 17 мај на Градскиот стадион „Филип Втори“ во Скопје.

 

 

Со вкупно освоени 1.030 поени, кумановскиот клуб убедливо триумфираше во генералниот пласман, оставајќи ги зад себе сите конкуренти, при што ниту еден друг клуб не успеа да ја надмине границата од 800 поени.

 

 

Ова е уште еден значаен успех за АК Куманово, кој веќе 12 последователни сезони се наоѓа на пиедесталот на Сениорскиот куп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Живи артефакти – Трансценденција“: Самостојна изложба на Филип Јовески во Куманово

 

 

Клубот е и единствениот во државата што во последните шест години континуирано има и машка и женска екипа меѓу трите најдобри.

 

 

Во изминатите 12 сезони, кумановските атлетичари девет пати освоиле прво место со една од екипите, а во четири наврати ги освоиле двата победнички пехари – и во машка и во женска конкуренција.

На годинашниот куп, машката екипа убедливо го освои првото место, додека женската заврши на втората позиција.

 

 

По четири последователни титули кај дамите, годинава кумановките останаа без првото место за само три поени, иако настапија во значително ослабен состав.

Од клубот истакнуваат дека екипата не била комплетна како минатата година и дека имало одредени грешки во поединечните настапи, но и покрај тоа се презадоволни од остварените резултати и пласмани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна реконструкцијата на „Бајрам Шабани“, ќе се асфалтира целата траса (ФОТО)

 

 

Следна цел останува подобрување на личните рекорди на претстојните натпревари.

За женската екипа настапија Теа Алексовска, Сара Цветановска, Лина Аневска, Миа Голубовска и Ениса Тасевска, додека машкиот тим го сочинуваа Марјан Нојковски, Даниел Јосевски, Милош Ранчиќ, Емил Ефремовски, Ведран Николовски, Михаил Стошевски и Марио Пешевски.

 

 

Посебна вредност на успехот е што составот на АК Куманово е формиран исклучиво од кумановски атлетичари и атлетичарки, израснати во рамките на клубот.

Според клубот, токму затоа тие се единствената екипа која во последната деценија успеала да се искачи на пиедесталот со целосно сопствен кадар.

Од АК Куманово упатија честитки до сите свои натпреварувачи, како и до останатите клубови кои настапија на Сениорскиот куп, со желби за нови лични и спортски успеси во продолжението на сезоната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судот го отстрани од домот кумановецот кој подолго време се заканувал на својата снаа

Никола Ивановски