Почна реконструкција на Соколана во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна реконструкција на дел од Соколана од Куманово, објект значаен за кумановци од повеќе аспекти.

Loading...

 

 

Како што соопшти градоначалникот Максим Димитриевски, со реконструкцијата се заштитува статиката, се менува покривот.

– Средствата се околу осум милиони денари. Реконструкцијата ќе се спроведува во три фази. Со втората фаза е предвидено менување на столарија и изработка на фасада. Третата е предвидена за внатрешно уредување на објектот, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Распишана е и постапка за партерно уредување на уште едно игралиште во комплексот. Во моментов тече и реконструкција на паркот Соколана, еден од најстарите во градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

 

 

За таа намена како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки за реконструкција на Соколански парк и паркинг со спортско игралиште во комплексот, одвоени се над 12 милион денари.

 

Loading...

 

Игралиштето во Соколана, претходно го реконструираше Владата и Агенцијата за млади и спорт и беше пуштено во употреба летото 2021 година.

Владата претходно ѝ ги врати во владение четирите големи спортски објекти на општината, Соколана, спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето.

 

 

Спортскиот објкет датира од доцните 20-ти години на минатиот век од периодот на кралство Југославија, со зачетоците на Соколското движење, не само на просторите на Куманово, туку и на тогашна Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

На ова место се играле најдобрите кошаркарски турнири во поранешна Југославија, а тренирале и врвни гимнастичари. Соколана има непроценливо значење за кумановци како место каде се одржувале игранки и матинеа.

Loading...

МИА