Почна изградбата на спортското игралиште во село Пчиња, соопштија денеска надлежните. Теренот се подготвува за асфалтирање.
Спортското игралиште ќе го коритата жителите на Пчиња, рекреативците, спортистите.
Ова е едно од петте игралишта кои општината ги гради во Куманово и руралните средини во изминатиов период и освен во Пчиња, се гради во Клечовце во основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, Романовце и во Агино село чија изградба е завршена.
Дел од игралиштата имаат и трибини, некои од нив специјална подлога особено оние кои во близина на училиштата и кои користат спортските клубови. Сите игралишта ќе бидат опремени со соодветни реквизити.
Според информациите на надлежните од одделението за јавни набавки за игралиштата од општинскиот буџет одвоени се 14 милиони 813 илјади 980 денари без вклучен данок на додадена вредност. На јавната набавка избрана е фирма од Скопје.
МИА