Почна асфалтирањето на патеки во стариот градски парк во Куманово

Сподели со своите пријатели

Почна асфалтирањето на патеки во стариот градски парк во Куманово, соопштија денеска надлежните. Изградбата продолжи откако беа одвоени дополнителни средства за доизградба на паркот.

Loading...

Изградбата на паметниот парк во т.н. стар градски парк во Куманово почна во март годинава. Со одлука на Влада од буџетот на РСМ одвоени беа 11.226.061 денари за изградба на паркот. Проектот се имплементира преку североисточен регион, од чија страна беше распишана јавна постапка и како најповолен изведувач е избрана фирмата „Кооп инженеринг“ со која е склучен договорот. Подоцна поради, како што појаснија на седница на советот, надлежните од комунални дејности предвидени беа дополнителни 2, 3 милиони денари за изградба на ивичници, бекатон, шахти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

Изградбата на Смарт парк се спроведува преку проектот на Центарот за развој на североисточниот плански регион „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“ со кој се предвидени повеќе активности.

 

 

Во паркот предвидени реквизити за забава, спорт и рекреација, нови пешачки патеки, Смарт клупи, соларни канделабри, детско катче, простор за домашни миленици, спортски терен, фонтана, паркинг простор, платформа за одржување настани.

Стариот градски парк во Куманово сместен покрај течението на Липковка во минатото бил култно место за рекреација на старите кумановци. Извесен период градскиот парк беше запуштен и многу ретко граѓаните се релаксираа во него. Паркот се простира на површина од 38 илјади квадратни метри. Според податоците на ЈП „Чистота и Зеленило“ во паркот има над 370 дрвја претежно листопадни, јасен, тополи, липа, диви костени.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?