Почина уште едно повредено лице од експлозијата во Романовце


Уште едено лице кое беше повредено во експлозијата на плинска боца во кумановско Романовце денеска им подлегна на повредите околу 13:20 часот, со што бројот на жртви се искачи на пет.

Триесет и шестгодишната жена им подлегна на повредите по три дена борба за живот на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.

Loading...

На телото имала над 80 отсто изгореници што предизвикале компликации на нејзините витални органи, објави АлсатМ.

Состојбата на 45-годишната жена и нејзиниот 50-годишен маж останува критична и се на апарати за дишење.

Триесетгодишна жена и нејзиниот десетгодишен син се во кома.

Подобрување имасамо кај бремената жена, а нејзиното бебе е стабилно.

Инаку во недела во кумановското село Романовце при експлозија на плинска боца починаа три малолетни деца, а во текот на денот нивниот дедо им подлегна на повредите.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *