Сите загинати во експлозијата во Куманово се деца

Сподели со своите пријатели

Сите загинати во експлозијата на плиндка боца во кумановско Романовце се деца, информираат од полицијата.

Loading...

На 23.02.2020, околу 10.00 часот во село Романовце, кумановско во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телсени повреди, врлат од МВР.

Поради сериозноста на повредите, лицата се префрлени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Куманово. Известен е јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово е упатена на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата.

Никола Ивановски

Leave a Reply