Почина Папата Бенедикт XVI

Сподели со своите пријатели

На 95-годишна возраст почина почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти.

Loading...

„Со тага објавуваме дека е почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска во 9:34 часот во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан“, објави Vatican News.

„Почесниот папа Бенедикт XVI. се врати во домот на таткото“, се вели во веста за смртта на 95-годишниот поранешен папа што ја објави Vatican News.

Неговото здравје веќе некое време се влошува, поради што актуелниот папа Франциско во неколку наврати ги повикува верниците на молитва.

Почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, чие вистинско име е Џозеф Рацингер, е роден во Баварија, а за папа беше избран во 2005 година, но тој се откажа од службата во 2013 година поради лошо здравје и се повлече во манастир во Ватиканските градини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Осмиот Германец кој стана папа во 2.000-годишната историја на католицизмот и вториот неиталијанец во речиси 500 години, Рацингер го избра името Бенедикт во чест на Свети Бенедикт, основачот на европското монаштво во 5 век.