Победа за КК Куманово на мечот со Фени Индустри

Сподели со своите пријатели

КК Куманово вечерва забележа тесна победа на натпреварот со КК Фени Индустри, со резултат 91-92.

Loading...

Овој меч немаше резултатско значење, бидејќи и пред него беа познати полуфиналните двојки од разигрувањето за титулата во кошаркарскиот шампионат. Фени Индустри ќе се соочи со актуелниот првак МЗТ Скопје, додека Куманово ќе го предизвика Работнички.

Мечот во Кавадарци, на стартот беше во знакот на домашните кошаркари, кои го диктираа темпото и поведоа со 26:15, но во вториот период кумановци возвратија со иста мера и го добија со 19.29, за на пауза да се отиде со минимални 45:44.

Третиот период беше изедначен, додека во последниот кумановци заиграа малку поанагажирано, а домашните во ростерот веќе го нема Мајкл Амонс, кој направи 5 лични грешки, па имаа проблеми со реализацијата на нападите. Стана интересно во финишот кога домашните се прибилижлија на минус 3, но во пенал завршницата, подобро се снајдоа кумановци за конечни 91:92, кои ги постави Машиќ со тројка во последните секунди.

Најдобри кај домашните беа Вуд со 18 и Машиќ со 13 поени , додека кај кумановци најефикасни на теренот беа капитенот Костоски со 23 поени и високиот Луковиќ со 18 поени.

Пред стартот на плејоф средбата во вторник, ќе се одигра и одложениот меч од претпоследното коло помеѓи МЗТ Скопје и Работнички.

Веќе е познато кои се четирите тима кои ќе учествуваат во полуфиналните серии од плејофот. Во првото полуфинале, МЗТ Скопје ќе игра против Фени, а првата средба ќе се игра на теренот на скопската екипа.

Куманово и Работнички ќе се сретнат во другото полуфинале, а последните два натпревара на овие два тима во Суперлигата ќе одредат кој ќе влезе во серијата со предност од домашниот терен.

Loading...

Фото: Спортмедиа.мк


Leave a Reply