По смртта на деца, индискиот производител на сируп го прекинува производството

Сподели со своите пријатели

Индискиот производител на сируп за кашлица, од кој починаа 19 деца во Узбекистан, денеска објави дека го прекинува производството на сите лекови, по инспекција на државната агенција за лекови.

Loading...

Индиските медиуми објавија дека инспекторите забележале отстапување од прописите за производство во една од фабриките на компанијата „Марион Бајонтек“, пренесува Танјуг.

Марион Бајонте и индиското Министерство за здравство не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар за резултатите од инспекцијата.

Узбекистанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 18 деца починале во градот Самарканд откако го конзумирале спорниот сируп, а узбекистанските медиуми во четвртокот објавија дека починало уште едно едногодишно дете.