По обвинението, Трамп собра 15 милиони долари за кампањата

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп собра повеќе од 15 милиони долари за две недели откако се појави пред судот на Менхетен каде што беше обвинет по 34 точки во врска со исплата на пари на поранешната порно актерка Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната сексуална врска.

Loading...

За време на викендот за 24 часа се собрани повеќе од четири милиони долари, по сослушувањето на 4 април, соопштија од тимот на Трамп, пренесува Тајмс.

Трамп (76) тврди дека обвинувањата се политички мотивирани и дизајнирани да ја саботираат неговата кампања во 2024 година.

Како што пишува британскиот весник, тоа ги поттикнало неговите поддржувачи да дадат повеќе пари.

Изборните податоци за првите три месеци од оваа година покажаа дека двата изборни комитети на поранешниот претседател собрале 18,8 милиони долари, што не ги вклучува средствата собрани откако Трамп беше официјално обвинет на почетокот на овој месец.

Неговиот тим за кампања рече дека повеќе од 300.000 луѓе донирале, а повеќето дале помалку од 200 долари.

Најголем дел од парите за кампањата, Трамп ги собира преку заедничкиот комитет за собирање средства #SaveAmerica#“.

Поранешната амбасадорка на Трамп во Обединетите нации, Ники Хејли, која пред два месеци ја објави својата кандидатура за Белата куќа, претходно изјави дека собрала „повеќе од 11 милиони долари за само шест недели“.

Loading...

Сепак, извештаите покажуваат дека поранешниот гувернер на Јужна Каролина собрал само 8,3 милиони долари во првиот квартал, според Тајмс, според Танјуг.