Пливачите од Куманово бараат надлежните да најдат решение за затворениот градски базен

Сподели со своите пријатели

Пет пливачки клубови од Куманово и еден ватерполо клуб ќе останат без тренажен процес и тоа непосредно пред оддржување на националното првенство во пливање, откако локалните власти во Куманово одлучија да стават клуч на градскиот базен поради еномрните цени на енергенсите.

Loading...

– Со тоа и долгогодишната работа на клубовите и пливачите кои имаат значајни успеси во македонското пливање ќе бидат оставени на милост и немилост, стои во заедничкото соопштение на клубовите.

Од клубовите апелираат надлежните институции кои што стопанисуваат со овој објект да изнајдат решение за овој проблем.

Во спротивни ке бидеме приморани да побараме помош од државата, стои во нивната писмена реакција.

Инаку Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ кое стопанисува со објектот, одлучи привремено да го затвори градскиот базен бидејќи дојде до големо зголемување на цените за гас и електрична енергија.

Како што истакна на последната седница на Советот на Општина Куманово, директорот на претпријатието Даниел Стојчевски, ваквата одлука е поради фактот што од 15.000 евра колку што чинело одржувањето на базенот претходно, сега цените на енергенсите изнесуваат рекордни 50.000 евра.

Тоа, рече Стојчевски, би можело да го доведе во работа нормалното функционирање на целото јавно претпријатие.

Никола Ивановски

Loading...