Писториус: Целта за испорака на милион парчиња муниција во Украина нема да се исполни

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека целта за испорака на милион парчиња муниција во Украина нема да биде постигната.

Loading...

Тој додаде дека членките на ЕУ работат заедно со воената индустрија на зголемување на производството, пренесува Ројтерс.

„Сосема е сигурно дека нема да дојде до еден милион куршуми“, изјави тој за новинарите во пресрет на министерскиот состанок на ЕУ во Брисел.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера изјави дека Берлин значително ќе ја прошири помошта за Украина следната година, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.