Писмото на Ајнштајн со формула продадено за неверојатна сума на пари

Сподели со своите пријатели

Рачно напишаното писмо на Алберт Ајнштајн, кое ја содржи и неговата позната формула E = mc2, било продадено на аукција за повеќе од 1,2 милиони долари, што е за три пати повеќе од очекуваната сума, објави аукциската куќа RR Auction од Бостон.

Loading...

Архивистите од програмата Ајнштајн документи на Институтот за технологија во Калифорнија и Хебрејскиот универзитет во Ерусалим тврдат дека постојат само уште три други познати примероци во светот каде Ајнштајн ја напишал познатата равенка со своја рака.

 

 

Аукцијата на РР наведува дека оваа најнова копија е единствената во приватната колекција и дека е откриена неодамна, пренесува Гардијан.

Аукциската куќа очекуваше писмото да се продаде за околу 400 000 американски долари.

– Тоа е важно писмо и од холографска гледна точка и од гледна точка на физиката – рече потпретседателот на аукциската куќа, Боби Ливингстон, кој формулата за односот на енергија и маса ја нарече најпозната во свет.

Loading...

Равенката што одредува дека енергијата е еднаква на масата помножена со квадратот на брзината на светлината во вакуум сменетата физика, докажувајќи дека времето не е апсолутно и дека масата и енергијата се еквивалентни.

 

Писмото, напишано на едната страна на германски јазик, било испратено до полско-американскиот физичар Лудвик Силберштајн и датирано од 26 октомври 1946 година.

Силберштајн бил познат критичар на некои од теориите на Ајнштајн.

Една од речениците во писмото напишано на меморандумот на Универзитетот Принстон гласи: „На вашето прашање може да се одговори со формулата E = mc2 без претходно знаење“.

Писмото било дел од личната архива на Силберштајн, која ја продале неговите наследници.

Купувачот е означен само како анонимен собирач на документи.

Loading...

Leave a Reply