Петмина возеле пијани, 4 без возачка дозвола викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција викендов напишала повеќе казни поради различни прекршоци, а најмногу поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Во текот на изминатите два дена (27.11 и 28.11.2021), полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци и прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се 54 возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Но, полицијата викендов казнила и пет лица кои возеле под дејство на алкохол, додека пак четворица управувале возило без возачка дозвола. Седум казни биле напишани за непрописно престигнување

Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Никола Ивановски