Петковски: Буџетот за 2016 година е “желботека” на локалната власт (видео)

Сподели со своите пријатели

На дневниот ред на 46-та седница на Советот на Општина Куманово беше и усвојувањето на Буџетот за 2016 година околу кој советниците повторно ги кршеа копјата за тоа дали Буџетот е реален и одржлив како што тоа го тврди подносителот, во случај Секторот за финасии.

Опозициските советници не дадоа поддршка за новиот Буџет затоа што како што велат, тоа е иста програма која се препишува секоја година, а многу малку од неа всушност се реализира.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски вели дека како и секој септември, и следниот ќе има ребаланс на овој Буџет затоа што тој претставува „желботека“ на локалната власт.

Потполно ист препишан буџет како претходната, како претпретходната година, како и секоја година во буџетот се става се` и сешто. Секоја желба искажана од било кого се става во буџетот. Се ставаат нерални предвидувања и приходи за да како и секоја година, пред крајот на годината правиме ребаланс и го сведуваме на нормална и реална основа – изјави Петковски.

Тој дадава дека во Буџетот не недостига ништо, туку има премногу работи кои немаат реализирачка основа.

Има работи кои однапред знаеме дека нема да бидат реализирани и дека се повторуваат со години наназад, и се ставаат и сега. Ги ставаме сега, за да ако некој не` праша, одговориме дека ги предвидовме во буџетот, а на крајот на годината ќе велиме не успеавме да го реализираме, немавме доволно средства – потенцираше коориднаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Петковски предлага во Буџетот да се стават работи кои реално можат да се остварат, а не само да се прави било каков буџет.

Инаку денеска на 46-та седница на Советот на Општина Куманово со осумнаесет гласа “за”, единаесет против и четири воздржани, советниците го изгласаа Буџетот за 2016 година.