Советот го усвои буџетот: Во 2016 ќе се потрошат 1 милијарда и 700 милиони денари

Сподели со своите пријатели

Со осумнаесет гласа “за”, единаесет против и четири воздржани, денес Советот на Општина Куманово го усвои буџетот за 2016 година, констатираше претседателот на советот Максим Димитриевски, оценувајќи го како прилично амбициозен буџет.

Паралелно со изгласување на буџетот, беше изгласана и одлуката за негово извршување, со тоа што вгодина, општината ќе има на располагање вкупно 1. 794. 000. 000 мкд, вели Ирена Илиевска, раководител на Сектор за финасии при Општина Куманово.

Во оваа сума, планирани се средства на основниот буџет, средства од дотации и донации, а главен акцент на приходната страна е ставен на основните даноци кои што се сопствени приходи на општината, а тука спаѓаат и средства добиени од комуналните такси, надоместокот за уредување на градежно земјиште, како и надоместокот за утврдување на бесправно изградени објекти, вели Илиевска. 

Следната година, општината од буџетот ќе одвои 450 милиони денари за довршување на градскиот затворен базен, изградба на водоводна мрежа, одржување и реконструкција на нови јавни сообраќајници, канализација и изградба на пречистителни станици за речното корито, како и за функционирање на општинската администрација и јавните претпријатија.

Тука се влезени и средства наменети за социјалните категории односно субвенции за јавен превоз на стечајците и комуналии за социјално ранливи категории.

Илиевска очекува успешна реализација на усвоениот буџет со што со приходната страна ќе се реализира и расходната страна на општинскиот буџет.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.