Пет пожари вчера низ кумановско: Изгаснати се сите!

Сподели со своите пријатели

Пет пожари вчера беснееле низ кумановско, додека најголем сепак беше оној од село Бељаковце кој го гаснеа и авиони и хеликоптери.

Loading...

Првата интервенција на кумановските пожарникари била вчера наутро во атарот на селото Градиште. Таму горела сува трева во период од 08:00 до 09:40 часот.

Во атарот на селото Доброшане изгорел пак автомобил. Во неговото гаснење учествувале тројца пожарникари во период од 11:54 до 12:30 часот.

Третата интервенција била во атарот на населбата Карпош и село Никуљане каде горела сува трева во период од 13:00 до 16:40 часот.

Во атарот на селото Речица во текот на ноќва горела исто така сува трева, при што во период од 01:17 до 02:42 часот интервенирале тројца пожарникари.

Најголем беше пожарот во селото Бељаковце, во чие гаснење вчера учествуваа пожарникари од Куманово, Старо Нагоричане и Ранковце, месно население, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување, како и два хеликоптери и три авиони за гаснење пожар.

 

Loading...

 

Пожарот избувна дури завчера при што претходната ноќ пожарникарите сами се бореа да ги спасат куќите во селото, при што изгоре само една напуштена куќа.

Во текот на вчерашниот ден пожарот се ширење и кон селото Стрезовце при што беше побарана воздушна поддршка за негово гаснење.

Изгорена е поголема површина сува трева и нискостеблеста шума. Огнот беше изгаснат во доцните попладневни часови, а две екипи дежураа цела ноќ на местото.

 

 

Во моментов нема активни пожари на поширокото подрачје на Куманово.

Loading...

Никола Ивановски