Пет митови за преживувањето кои всушност ќе ве убијат!

Сподели со своите пријатели

Имате ли знаење кое ви е потребно за да преживеете во дивината? Постојат општи врежани митови за тоа што би требало да правите кога ќе се најдете во опаност, но постојат и такви кои не само да не се корисни, туку можат и да ви го загрозат животот.

Ако ве касне змија отровница, исцицајте го отровот и спасени сте

Каснувањето од змијата отровот го испраќа директно во крвотокот, а обидот за исцицување може да го прошири труењето во устата. Наместо тоа, држете ги екстремитетите испод или близу нивото на срцето.

Како да преживеете само со помош на природата (видео)

Loading...

Во случај да се сретнете со медвед преправајте се дека сте мртви

Таа стратегија функционира само во некои ситуации. Најдобро е да чекорите странично, а ако кафеав медвед ве нападне, легнете со лице кон земјата и рацете ставете ги зад вратот. Ако е во прашање црн медвед, немојте да се преправате дека сте мртви. Обидете се да избегате или да му се спротивставите.

Ако се изгубите во природа најдете веднаш храна

Погрешно. Здрава личност без храна може да издржи и до шест недели. наместо храна, првин најдете вода и засолниште.

Згрозувачко: Американски маринци на час за преживување (видео)

Мовта секогаш расте на северната страна од дрвото

Мовот расте каде условите се влажни и свежи. Малку веројатно е дека сонцето ќе допре до северниот дел од дрвото. Во шума, пак, дрвјата може да бидат прекриени од повеќе страни.

Ако ве нападне морско куче ударете го во нос

Удирањето под вода може да биде многу тешко, посебно против такво животно. Наместо да се обидете да го удрите по носот, нападнете ги очите и жабрите – таму се најслаби.