Песков: Путин сѐ уште не кажа дали ќе се кандидира следната година

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин сѐ уште не објавил дали ќе се кандидира за претседател во 2024 година, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Засега не сме расположени за изборна кампања – Путин има многу работа. Од него не слушнавме најави дали ќе се кандидира за претседател или не. Така што сѐ уште е малку рано. Ние само треба да се бидеме трпеливи“, изјави Песков за весникот „Известија“, одговарајќи на прашањето дали Путин веќе одлучил да се кандидира за реизбор.

Прес секретарот на рускиот претседател, исто така, истакна дека во контекст на она што Кремљ го нарекува „руската операција во Украина“ има предлози за одложување на претстојните регионални и локални избори во земјата во септември и претседателските избори во 2024 година.

„Но, слушнавме дека претседателот во Сојузното собрание рекол дека овие и други избори треба да се одржат, дека тоа е составен дел од развојот на нашето општество и политички систем“, нагласи Песков.

Претседателските избори во Русија се закажани за 2024 година.

Според рускиот весник, Путин во јули минатата година истакнал дека самиот факт што има право да биде избран за нов мандат ќе ја стабилизира ситуацијата во Русија.