Пендаровски повика за приклучување кон натпартиска граѓанска коалиција (видео)

Сподели со своите пријатели

Носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски на денешната прес-конференција ги повика граѓаните да се приклучат на натпартиска граѓанска коалиција, чии активности ќе започнат на 17 мај.

Loading...

-Денеска сакаме да објавиме повелба за граѓаните за Македонија. Тоа е документ кој од денеска го нудиме јавно на увид на сите оние што се заинтересирани, на сите граѓанки и граѓани, на сите политички партии, невладини организации, здруженија на граѓани, групи, експерти, поединци, религиозни и етнички здруженија.

Буквално до секој човек кој живее во оваа наша земја, ако сака, ако смета дека е сега моментот да се приклучи, да го направи тоа затоа што нашата цел со овој документ е да дадеме поддршка на концептот на граѓанска Македонија и да се обединиме во натпартиска коалиција, општонародна натпартиска коалиција која ќе ги испорача своите барања на 17-ти мај кога е закажан големиот општо народен протест пред Владата на Република Македонија.

Оние кои тоа сакаат да го направат можат да го направат и со потпишување на тој документ. Оние кои сакаат на поинаков начин, во поинаква форма тоа да го сторат, да дадат поддршка на оваа иницијатива можат да го направат тоа.

Во секој случај за нас најважно е што е можно поширок круг на луѓе, надвор од опозиционата коалиција којашто ги организира формално овие протести д се приклучат и да кажат дека се против начинот на кој досегашната полициско партиска врхушка ја раководи Република Македонија.

 

 

Loading...

Leave a Reply