Пчиња „скокна“ за десет сантиметри

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња во последното деноноќие е зголемен за десет сантиметри, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи направени утринава во 07:30 часот.

Loading...

Така мерната станица лоцирана во атарот на селото Пелинце утринава покажала ниво на вода од 64 сантиметри, а вчера во истиот период биле измерени 54цм.

Тоа е минимално искачување над просекот кој за месец декември изнесува 55 сантиметри.

Водостојот на реката Кумановка со мерна станица во село Доброшане изнесува 53 сантиметри.

 

УХМР: Се очекува зголемување на водостоите на сите реки низ земјава

Никола Ивановски