Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев денеска изјави дека ќе бидат казнети сите одговорни за терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“, во близина на Москва.
Патрушев им рече на новинарите дека ова злосторство е уште една потврда дека тероризмот претставува голема безбедносна закана која бара координирани напори од сите граѓани, разузнавачките служби, агенциите за спроведување на законот и властите на сите нивоа за да се спречат терористичките активности, пренесе Интерфакс.
https://youtu.be/SBfqVCo8bck
Патрушев изрази длабоко сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во терористичкиот напад во Подмосковље, како и брзо закрепнување на повредените.
Според досегашните податоци, во терористичкиот напад на концертната сала „Крокус сити хол“ загинале 93 лица, соопшти Рускиот истражен комитет.
https://www.youtube.com/shorts/rge-bxHA9ag
Шефот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников го информирал претседателот на Русија Владимир Путин дека се уапсени четворицата терористи кои го извршија нападот на Крокус во Москва и уште седум лица, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
Според извештаите, се работи на откривање на соучесниците на терористите.

