Партиите постигнаа договор во Германија: Предвремени избори на 23 февруари

Сподели со своите пријатели

Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Слободната демократска партија (ФДП) предложија 23 февруари за датум за предвремени парламентарни избори, пренесоа германските медиуми.

Loading...

По распуштањето на коалицијата, тешко дека претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, кој на крајот одлучува за датумот на изборите, ќе се спротивстави на предлогот, наведува „Тагесшау“.

Сега останува да се разјасни кога германскиот канцелар Олаф Шолц ќе побара од Бундестагот гласање за доверба на владата.

Очекуваниот пораз во гласањето за доверба ќе го поттикне процесот на нови избори.

Се очекува Шолц да побара од Бундестагот гласање за доверба на 16 декември, пишува германскиот весник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романската полиција врши претреси како дел од истрагата за изборни нерегуларности

Минатата недела германскиот канцелар го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, по што пропадна таканаречената „семафорска коалиција“.