Партиите кои бараат независност освоија мнозинство на изборите во Каталонија

Сподели со своите пријатели

Партиите кои се залагаат за независност на Каталонија повторно успешно освоија мнозинство во парламентот и ќе имаат 70 од вкупно 135 пратенички места. 

Поранешниот претседател на каталонската Влада, Карлес Пуџдемон порача дека се работи за пбоеда на Каталонската република над шпанската држава. Во Народната партија на шпанскиот премиер Маријан Рахој порачуваат дека е време да се разговара.

 

Loading...

 

Според податоците од 99,89 проценти од избирачките места, на вонредните регионални избори во Каталонија сепаратистичките партии освоиле 70 од 135 места во парламентот, на што укажуваат и предизборните анкети.

 

 

Од тоа партијата „Заедно за Каталонија“, на поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон освоил мнозинство, односно 34 места, јавува Ројтерс. Следуваат Републиканската левица со 32 и Кандидатурата на народно единство со четири места.