КАТАЛОНИЈА: Слобода за политичките затвореници

Сподели со своите пријатели

Илјадници приврзаници на осамостојувањето на Каталонија од Шпанија се собраа вечерва на градските плоштади ширум шанската покраина, барајќи преостанатите четвориа сецесионистички лидери да се пуштат на слобода.

Учесниците во претестот носат транспаренти „Слобода за политичките затвореници“, пренесува АП.

Протестите следуваат откако судија на Врховниот суд одобри кауција од по 100.000 евра за шестмина поранешни членови на каталонскиот регионален кабинет.

Меѓутоа, сдијата одбил да ги ослободи преостанатите четворица, вклучувајќи го и потпретседателот на каталонската влада Ориол Жункерас, поранешен регионален министер за внатрешни работи Жоаким Форн и уште двајца активисти.