Капачите на плажата Нусет Бич во Орлеанс во американската сојузна држава Масачусетс, овие денови ги шокирала блиска средба со голема бела ајкула.
Светските медиуми пишуваа дека минатиот понеделник, голема бела ајкула е видена како плива близу брегот.
Целиот настан е забележан, а снимката набргу започнала да кружи на социјалните мрежи.
Loading...
Снимката ја објавила организација за зачувување на белата ајкула. На видеото може да се забележи каконад површината на морето извира нејзината перка.
Откако ја забележале, капачите започнале да врескаат, а потоа едно лице рекло дека сигурно ајкулата нема да излезе на песокот.
Откако белата ајкула била забележана, за капење затворени биле две локални плажи.
https://www.facebook.com/atlanticwhiteshark/videos/2218272595085160/