Пронајдена ајкула стара 512 години (видео)

Сподели со своите пријатели

Огромна ајкула „гринланд“ веројатно е најстарото суштество на планетата, тврдат научниците.

Се претпоставува дека е стара 512 години, што значи дека е родена пред Шекспир, а моментално живее во водите на Арктикот, каде е лоцирана.

Научниците кои ја анализирале претпоставуваат дека е родена во 1505 година.

Гринлад ајкулите живеат во води со просечна температура од -1 до +10 степени целзиусови и можат да пливаат 2.200 метри длабоко, а тешки се околу еден тон.

Инаку, ова е најстарата од 28 анализирани гринланд ајкули, кои во просек живеат околу 400 години и животот им минува во пливање и барање партнери.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.