Пандемиски помор на крузери: „Гробишта“ со луксузни крузери (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од далечина може да се заклучи дека се случила страшна поморска трагедија во која пет џиновски крузери се насукале во турското пристаниште Алиага. И, вистина е, никој од крузерите повеќе нема да отплови од него, но не поради некој бродолом, туку затоа што луксузните бродови за крстарење доаѓаат тука да умрат.

Loading...

Некогаш вредни стотици милиони долари, „Carnival Imagination”, „Carnival Inspiration”, „Carnival Fantasy”, „Royal Caribbean’s Monarch of the Seas” и „Sovereign of the Seas“ биле продадени за старо железо.

БИЗАРНИ И МРАЧНИ ТАЈНИ: Зошто секој крузер има затвор и што значат броевите кои ги користи екипажот?

Ерсин Каптан, генерален директор на Здружението за рециклирање на турски бродови, за австралискиот портал 7news изјави дека главната причина зошто скоро ништо од овие бродови нема да остане е пандемијата на коронавирус.

„Секој пат кога ќе има криза во индустријата за поморски туризам, треба многу да работиме“, вели Каптан.

Отпад злато вреден

„Секундарците“ на Алиага се на добар пат да го забележат најдобриот бизнис откако грчката поморска индустрија пропадна за време на Светската финансиска криза во 2008 година.

245 дена патување околу светот со луксузен крузер – од цената боли глава (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...

Овој пат бродовите од сите делови на светот се празнат и се испраќаат во Турција. Само во ова пристаниште очекуваат годинава да бидат собрани еден милион тони метал.

Бродовите пристигнуваат како да ја завршиле турнејата, некои со комплетен мебел и ентериер, но без богати патници, кои биле принудени да се симнат од нив кога започна пандемијата.

Скоро 98 проценти од бродовите можат да се рециклираат. Остатокот е на продажба.

Предвремено пензионирање

Во моментов, повеќето бродови во Алиага се пензионираа 15 години порано од планираното.

КРСТАРЕЊЕ ОД ПЕКОЛОТ: Шокантна тепачка на 30 луѓе на крузер (ВИДЕО)

Корпорацијата „Карневал“, чии три брода се наоѓаат во турското пристаниште, продава околу 20 проценти од својата флота и го користи периодот за време на пандемијата за да ги замени помалку ефикасните бродови, пренесува 7news.

Пред неколку месеци, индустријата за крстарење беше еден од најбрзо растечките туристички сектори, вреден повеќе од 200 милијарди долари.

Loading...

Но, бродовите ширум светот беа принудени да заминат во еден вид хибернација кога избувна пандемија на коронавирусот, од кои некои од најлошите инфекции беа забележани токму на крузерите.

Сега овие бродови се во рацете на 1.300 работници, кои прецизно ги расклопуваат, дел по дел.

Ќе бидат потребни околу осум месеци за целосно да се рециклира секој, така што тие имаат полни раце работа.

ВО 3 МИНУТИ: Вака изгледа изградбата на суперлуксузен крузер (видео)

 

Leave a Reply