Пакистанци со убодни рани од Ваксинце завршија на скопските клиники

Сподели со своите пријатели

Во Полициското одделение Матејче вчера околу 02:10 часот по полноќ, било пријавено дека во село Ваксинце, општина Липково, има повредени странски државјани.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службенци излегле на местото и ги затекнале А.Р.(23), М.К.(20), Х.А.(23) и Н.Т.(24), сите од Пакистан, кои имале повреди по телата.

Според нивно кажување тие биле нападнати од неколку други лица од Пакистан кои побегнале потоа.

Лицата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош, по што А.Р. и Х.А., кои имале убодни рани во пределот на ногата, биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите биле задржани за лекување во болницата Куманово.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Leave a Reply