Овој ресторан во Шангај е хит: Гостите уживаат во оброкот додека врз нив паѓа снег (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шангај има ресторан во кој посетителите можат да уживаат во својот оброк додека врз нив паѓа снег.

Loading...

Станува збор за ресторан во областа Минханг, кој на своите гости освен храна, им нуди музика во живо, ЛЕД екрани кои го покриваат целиот таван и светлосни шоуа, пренесува Smart Shanghai.

Посетителите можат да споделат слика од нивната мачка на големиот екран

За добрата атмосфера е заслужен диџејот кој свири електронска музика, а на менито има улична храна и пиво, а интересен е и начинот на кој служат одредена храна. Имено, специјалитет на ресторанот е кофа со ракчиња која ја носат на масата, ја полеваат со алкохол и потоа ја запалуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Казниле илјадници возачи по грешка: Го смениле ограничувањето на брзината, но...

Тие, исто така, им нудат на своите гости можност да споделат слики од нивните миленици на големиот екран, а потоа секој може да ужива во нивните фотографии, на пример од нивната мачка.

Снег паѓа три пати на ден

Имаат специјална машина за пена која ги прска сите гости со вода со сапуница. Снег паѓа три пати на ден во 8 часот, 22 часот и полноќ. Во 22 часот навечер снегот се претвора во розови ливчиња кои паѓаат од таванот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во торби на туристи пронајдени 22 килограми песок и школки од плажите на Сардинија

Ресторанот наводно е исклучително популарен.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by The Luxury Lifestyle Magazine (@luxurylifestylemagazine)

Loading...