Овој необичен тунел долг 1.200 метри го граделе само 13 локални жители (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

4.000 чекани биле  искористени за изградба на тунелот Гуолианг, кој се протега по страната на планината Тајханг во Кина, а го изградиле само 13 локални жители…

Loading...

За да се вратат дома, жителите на кинеското село Гуолијанг морале да патуваат низ тунел изграден како дел од планината Тајханг.

 

 

Тоа е тунел долг 1.200 метри, широк четири метри и висол пет метри, што е единствениот начин да се стигне до нивните домови.

Изграден е од 13 селани со помош на „примитивни“ алатки како чекани и длета во 1970 -тите, и им требале околу пет години за да ја завршат оваа градежна авантура.

 

Loading...

 

Тунелот бил отворен за сообраќај на 1 мај 1977 година и поради неговиот необичен изглед на страната на планината, наскоро станал туристичка атракција за Кинезите, но и за меѓународните гости.