Организираниот криминал е широко распространет во Мексико, освен во малото гратче Черан, во северната држава Мичоакан, чии мештани под водство на локалните жени станаа во одбрана на своите шуми од вооружените дрвосечачи и истовремено ја избркаа и полицијата и политичарите.
Черан е мало гратче кое со своите 13.000 жители не е скоро никакво фактор ниту на локална, а не на глобална сцена.
Единствено нешто по што станува познато е фактот дека се наоѓа на една од најопасните територии на планетата и подрачје кое е директно под контрола на нарко-картелите.
Loading...
Опкружен е со прашума која пред неколку години започнале да ја сечат богати криминалци во спрега со локалните политичари, за да направат место за плантажи на авокадо. Таквата негрижа за природата довела до револт на локалното население, а кога сечата сериозно се приближила на изворите за вода кои значат живот за локалците, работите започнале да излегуваат од контрола.
Маргарита Елвира Ромеро била една од мештанките кои одлучиле да ја земат работата во свои раце и да одат директно до екипата која ја сече шумата, за да одговорат од понатамошното уништување.
Наишле на навреди и закани со оружје па морале да се вратат натраг во гратчето, каде ја организирале заседата за дрвосечачи кои се враќале од работа.
Левантамиено, или востание, започнало на 15. април 2011 година. Жените ги блокирале камионетите и затвориле некои од дрвосечачите. Заедницата е предупредена за опасност од огномет и ѕвонење на црковни ѕвона.
Кога ги фатиле, ги заклучиле во локалната црква и чекале нивните колеги да тргнат по нив. Наскоро била повикана полицијата, а ја окупирале и локалните политичари кои насилно сакале да ја решат оваа ситуација, но не очекувале дека градот ќе се обедини и ќе застане на страната на групата храбри жени.
Сите излегле на улиците со било каков предмет кој може да послужи како оружје, а потоа буквално ги истерале од градот, сите дрвосечачи и нивните надредени, а ги следеле и сите локални политичари кои биле во српега со криминалците и нарко-картелите и полицијата која била на нивната страна.
Сето тоа се случи во 2011 година, а Черан и натаму е без дрвосечачи, политичари и полиција. И велат дека така животот им е прекрасен.
Законот и редот го одржува локалната полиција наречена „Ронда Комунитариа“, а бидејќи сите политички партии се забранети, во гратчето владеат од народот избрани службеници кои на функција мора да бидат најмногу три години.
Loading...
Во сојузната држава која е синоним за криминал, стапките на криминалот во Черан е доведена на минимум, а освен ситните престапи и прекршоци предизвикани од алкохол, поголеми проблеми како убиства и киднапирања нема.
Сериозно е оштетена прашумата и започнала полека да се оправува, а за да се избегне враќање на старото, контролните точки и секојдневните патроли внимаваат да не дојде до некакви одмазди од протераните или некаков обид за повторно преземање на контрола во градот.
Зошто во Мексико не треба да излегувате од дома точно во 17:45 часот? (ВИДЕО)
Многу заедници изминатите неколку години се обиделе да го копираат она што е постигнато во Черан, но не успеале, првенствено затоа што недостасувало заедништвото.
Мичоакан е една од најкрвавите сојузни држави во Мексико. Гранатите биле фрлани помеѓу маса луѓе. Во заедниците одалечени 10 километри од Черан, приказните за киднапирања, изнуда и убиства и натаму се секојдневие.
Земјата во поголемиот дел е заедничка, со неа управува одредено семејство, но не го поседува. Прваилата строго се почитуваат, а кој и да посака да исече дрво мора да добие дозвола од власта.
Черан не е во целост независен, се уште го финансира државата, но мексиканската влада му признала автономија. Садовите поддржале забрана на политичките партии и право да не учествуваат на изборите.