28.06.2019 13:09

Овој астероид би можел да ни донесе милијарди долари


Иако потеклото на златото и натаму е мистерија, научниците откриле астероид кој содржи доволно вредни метали кои теориски во секое време на Земјата би донеле близу билион долари.

Во прашање е астероидот „Psyche 16“ кој се наоѓа меѓу Марс и Јупитер, а кој содржи огромни килчини злато, железо и никел. Сега на научниците е своето откритие и да го докажат, а американската вселенска агенција НАСА планира да го започне тој процес во 2022 година.

loading...

На Земјата и се закнуваат 950 астероиди

Професорот Џон Зарнецки, претседатле на Кралското астрономско здружение, проценува дека би биле потребни 25 години за докажување на концептот, а 50 години за почеток на комерцијално производство. Секако, тоа зависи од две клучни работи, економската исплатливост и напредоткот на вселенската технологија.

Исто така, многу светски сили би сакале да „дојдат“ до златниот астероид, а Кина дефинитивно планира да доминира во тоа.

Мит Хантер Скулион, основач на британската компанијата Asteroid Mining Company, за ВВС рекол дека ова дефинитивно е следниот индустриски бум.

АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!

– Кога воспоставите инфраструктура, потоа можностите се скоро бесконечни. Оние кои ќе бидат доволно храбри да го прифатат предзивикот кој се однесува на астероидите ќе заработат астрономска количина на пари, рекол тој.

– Она што го правиме на Земјата сега е импресивно, но и потрагата по злато во вселената само е рпрашање на инфраструктура. Со време ќе дојдеме и до тоа, рекол Скот Мур, директор на компанијата „EuroSun Mining“.

Постојат астероиди кои минуваат близу Земјата и кои би можеле да бидат „турнати“ во орбитата за да од нив можат да се извлечат вода и други елементи. Исто така, тука е и Месечината која содржи ресурси со злато и платина.

loading...

Откриена голема аномалија на Месечината

Иако рударењето бара гравитација која е шест пати поголема на Земјата токолку на Месечинта, научниците тврдат дека сепак е доволна за успешно обавување на процесот.

Денес веќе постои глобален пазар за рударење астероиди, а се проценува дека до 2025 година ќе биде вреден околу 3,8 милијарди долари.

Глобалната вселенска економија денес вреди околу 350 милијарди долари, а до 2040 година таа вредност ќе надмине 2,4 билиони долари.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments