Откриена голема аномалија на Месечината

Сподели со своите пријатели

Научниците откриле мистериозна гравитациска аномалија на јужниот пол на Месечината. Аномалијата е откриена кога научниците од Унвиерзитетот Бејлор во Тексас забележале суптилни промени во силата на гравитацијата околу Месечината, анализирајќи податоци собрани од мисијата на НАСА.

Loading...

Истражувачите се сомневаат дека причината за тоа е маса на метал која потекнува од длабочините на вселената и која е закопана под површината на Месечината.

НАСА: Месечината се намалува и има потреси

– Замислете да земете метал пет пати поголем од површината на Хаваи и да го закопате под Земјата. Такава е масата која ја откривме, рекол главниот автор на студијата др. Питер Џејмс, објаснувајќи го оваа истражување.

Металот, ако всушност е она што предизвикува создавање на дополнителна маса, се наоѓа во вид на огромен кратер на Јужниот пол на Месечината, басенот Аиткен.

И покрај големината, кратерот не може да се види од Земјата затоа што е на спротивната страна на сателитот.

ШОКАНТНИ СНИМКИ: Слетувањето на Месечината снимено во студио и пустина? (ВИДЕО)

– Кога ги проучувавме податоците за гравитација и комбиниравме со податоците за лунарна топографија од Лунарниот реконструктивен орбитер, откривме неочекувано голема количина на маса, која се наоѓа неколку стотина километир под басенот Аиткена. Едно од објаснувањата за дополнителната маса може да биде тоа што металот од астероид кој го формирал овој кратер и натаму е зацврстен во месечевиот плашт, рекол др. Џејмс.

Loading...

Тимот изведувал комплицирани компјутерски симулации на големи астероидни удари кои покажале дека, под соодветни услови, астероидот кој имал јадро од железо и никел можел да се рашири во горната обвивка на Месечината при ударот.

Го натера Олдрин над Библија да се заколне дека бил на Месечината, астронаутот го удри (ВИДЕО)

Екипата која работела на случајот разгледува и неколку други хипотези, вклучително концентрација на густи метали кои се здружиле кога одредени делови на Месечината започнале да се зацврстуваат пред неколку милијарди години.

Басенот Аиткен, според тврдењата, настанат пред четири милиони гоедини. Тоа е најголем забележан кратер во Сончевиот систем. Можеби се случиле и слични случаи, вклучувајќи ја и Земјата, но трајни траги за тоа не останале.

Image by Ponciano from Pixabay

Leave a Reply