На Земјата и се закнуваат 950 астероиди

Сподели со своите пријатели

Американската вселенска агенција НАСА предупреди дека на нашата планета и се закнуваат дури 950 астероиди кои потенцијално можат да предизвикаат катастрофа во случај на судир со Земјата.

Алармантното предупредување го изнел Линдил Џонсон, офицер на НАСА задолжен за планетарната безбедност.

Сте сонувале да станете астронаут? НАСА нуди одлична можност – еве ги условите (видео)

Loading...

Тој истакнал дека на астероидите кои претставуваат опасност може да се влијае да ја променат патеката ако се „делува на време“.

– Во круг од 50.000 километри околу Земјата се наоѓаат повеќе од 10.000 астероиди кои се со големина на фудбалски терени. Дури 950 од нив се толку големи што можат да предизвикаат глобална катастрофа. Астероидите и предметите во должина од 140 километри и повеќе можат да доведат до катастрофа. Ако тие судири се случат во градовите, тоа би била катастрофа каква што не можеме да замислиме, Пред 30 години имаше само неколку астероиди за кои се сметаше дека се опасни. Тоа е затоа што никој не погледнал што се има таму. Се што треба да направиме е да ја промениме брзината на астероидите за само еден процент. Ако тоа го направиме пред самиот удар астероидот ќе ја промени својата орбита и нема да ни претставува закана, вели Линдл Џонсон.

Leave a Reply