Овие знаци несомнено покажуваат дека сте зависници од шеќер

Сподели со своите пријатели

Потрошувачката на шеќер се поврзува со едни од најголемите здравствени проблеми, како дебелината, висок крвен притисок, депресија, главоболка и замор. Сепак, многу луѓе не знаат дека се зависници од него.

Loading...

Еве неколку сигурни знаци кои ќе ве натераат да го промените начинот на исхрана.

 

 

Чувствувате глад кон прости јаглехидрати

Еден од знаците кои укажуваат дека сте зависник од шеќер  е тоа што вашето тело доживува постојан глад кон јаглехидрати.

По нивната потрошувачка, тие многу брзо се претвораат во шеќер и тогаш организмот почнува да чувствува глад за уште. Пример за храна која може да биде наречена прост јаглехидрат се кроасани, бел леб, тестенини, бел ориз и колачи.

Loading...

Започнете дека треба да додадете повеќе сладок зеленчук кон исхраната како цвекло, слатки компири, моркови. Додавањето на овие видови на зеленчук ќе помогне за намалување на апетитот кон колачи.

 

 

Чувствувате глад кон месо или солена храна

Според специјалистите здравото тело секогаш се стреми да постигне рамнотежа. Премногу големиот прием на одредени видови храна, предизвикува глад за други.

На пример, ако јадете премногу сол или храна од животинско потекло (месни производи), ќе се чувствувате гладни за колачи, за да се врати рамнотежата и обратно.

Ако јадете повеќе колачи, веднаш потоа ќе барате солена храна. Затоа најнапред прилагодете го количеството на примената сол, за да може да го намалите и внесот на шеќер.

Loading...

 

 

Се чувствувате лошо

Сетете се кога беше последен пат во кој се прејадовте од вашите омилени посластици до несвестица. Потоа почувствувате ли поспаност, замор, надуеност и формирање на гасови, главоболка, недостаток на концентрација?

Ако сте зависник од шеќерот, знајте дека овие симптоми ќе се чести после неговото конзумирање.