Овие навики можат да го ослабнат вашиот имунитет, избегнувајте ги

Сподели со своите пријатели

Наскоро ќе пристигне есента, па треба да се фокусирате на зајакнување на имунитетот. На намалувањето на имунитетот влијаат стресот, храната што ја јадете, спиењето и уште некои други навики.

Loading...

Ова се најлошите навики што го уништуваат имунитетот:

Алкохол

Прекумерното консумирање алкохол влијае врз имунитетот. Алкохолот апсорбира витамин Ц и цинк кои се клучни за функционирањето на нашиот имунолошки систем.

 

 

Слатка храна

Loading...

Според последните истражувања, храната богата со шеќер го ослабнува имунолошкиот систем, а ова се случува бидејќи вештачките шеќери негативно влијаат на белите крвни зрнца кои се борат против инфекции.

Витамин Д

Ако работите од дома и ретко излегувате надвор треба да внесувате витамин Д бидејќи тој е најважен за правилно функционирање на имунолошкиот систем.

Долго седење

Отсуството на физичка активност нѐ прави помалку отпорни на вируси и бактерии.

 

 

Loading...

Студија објавена во британскиот British Journal of Sports Medicine, покажа дека инфекциите на респираторниот тракт траат 42% подолго кај луѓето кои не вежбаат и имаат посилни симптоми од оние кои вежбале пет пати неделно.

Се нервирате за ситници

Не е лесно да останете смирени при стресни ситуации, но ако сакате добро здравје, мора да научите подобро да се справувате со стресот. Постојаната изложеност на стрес може да направи огромни промени во организмот.