Овие црви се долги само 29 милиметри, но прават бучава како авион (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јапонските научници откриле морски црви кои се ситни, но премногу гласни.

Loading...

Тие објаснуваат дека овие суштества се способни да произведат бучава еквивалентна на онаа која ја создава турбоџет авион при полетување, што е еден од најчестите звуци снимени во океанот.

Оживеани црви кои биле замрзнати повеќе од 42.000 години

Се работи за видот Leocratides kimuraorum – морски црви кои се долги само 29 милиметри. Биологот Рјутаро Гото од Универзитетот во Кјото, со своите колеги, забележал бучава од 157 децибели која ја произвеле овие суштества.

Луѓето се во состојба да слушнат бучава од 10 децибели, а онаа која надминува 130 децибели е болна и моше да го оштети ушното тапанче.

Мислеле дека пронашле џиновски морски змии, а во прашање е нешто сосема поинакво (фото)

Всушност, на одалеченост од 25 метри, авионот ќе произведе само 150 децибели при полетување.

– Овој звук е споредлив со оној кој го произведуваат црвите врескачи, еден од најинтересните биолошки звуци некогаш снимен во морето, објаснуваат научниците.

Loading...

фото: Printscreen Youtube

Leave a Reply