Оваа се седум симптоми на дијабетес тип еден за кои треба да знаете

Сподели со своите пријатели

Дијабетес тип 1 е автоимуна болест во која панкреасот престанува да произведува инсулин. Имунолошкиот систем на луѓето кои страдаат од оваа болест ги напаѓаат и уништуваат клетките во панкреасот кои произведуваат инсулин.

Loading...

„Инсулинот е хормон одговорен за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта“, вели Рејчел Аракава од Одделот за ендокринологија, дијабетес и коскени заболувања во болницата „Маунт Синај“.

Кога телото не произведува инсулин, не постои начин да се исфрли шеќерот (или гликозата) од крвта.

„Тоа ја прави крвта поконцентрирана, станува како мед“, вели ендокринологот Аканкаша Гојал.

Некои симптоми на дијабетес тип 1 се појавуваат во детството, но може да се појават на која било возраст.

 

 

Loading...

„И постои мит дека тоа е генетска болест, но не е. Повеќето заболени немаат семејна историја на болеста”, вели ендокринологот Емили Брајдбарт.

Не постои начин да се спречи дијабетес тип 1. Најдоброто нешто што можете да направите е да внимавате на симптомите кои можат да станат многу опасни. Ако дијабетесот тип 1 напредува брзо, телото може да влезе во опасна состојба наречена дијабетична кетоацидоза, која бара итна медицинска помош.

„Нашите тела обично произведуваат енергија со гликоза. Во дијабетична кетоацидоза, телото мора да ги разложи маснотиите за да добие гориво. Кога тоа ќе се случи, се формираат кетони и тие можат да бидат опасни кога ќе се натрупаат. Може да ја закиселат вашата крв, и тоа ќе ве натера да се разболите сериозно “, додава др. Брајдбарт.

И покрај тоа што е сериозна болест, може да се лекува. Веднаш штом ќе забележите дека нешто не е во ред, контактирајте со вашиот лекар. Подолу ви пренесуваме на какви симптоми треба да внимавате бидејќи тие можат да бидат знак за дијабетес тип 1.

 

 

Често мокрење

Loading...

Честото мокрење е еден од трите главни симптоми на дијабетес тип 1. Без инсулин, шеќерот се акумулира во крвотокот и ја згуснува крвта. Бубрезите дејствуваат како филтер и отстрануваат сe што не припаѓа во крвта. Значи, кога имате премногу шеќер во крвта, бубрезите треба да работат понапорно, објасни др. Гојал.

Прекумерна жед

Бидејќи често уринирате, вашето тело губи многу течности и чувствувате прекумерна жед. Така, влегувате во еден маѓепсан круг.

„Пиете многу, премногу мокрите“, вели др. Гојал.

Ако силно уринирате и не пиете доволно течности, може да дојде до дехидрација. Симптомите на оваа состојба вклучуваат вртоглавица, главоболка, гадење и несвестица. Покрај тоа, дехидрацијата може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да го продлабочи проблемот.

 

 

Loading...

Необјаснето губење на тежината

Без шеќерот што ги одржува, гладните клетки почнуваат да бараат алтернативни извори на енергија. Кога телото почнува да ги разложува маснотиите и мускулите за потрошувачка на енергија, тоа може да доведе до нагло губење на тежината, дури и ако јадете нормално.

Но, губењето на тежината се случува и затоа што телото не ги добива потребните калории од гликозата.

„Кога телото не може да користи гликоза, вие во основа ги уринирате сите тие калории. Така, вие не генерирате енергија ниту апсорбирате калории од она што го јадете”, објаснува др. Брајдбарт.

Замор

Заморот е релативно чест симптом на секоја автоимуна болест. Кога телото е нападнато, тешко е да се најде енергија потребна за извршување на секојдневните активности. Заморот може да се манифестира како исклучително или, на пример, како брзо дишење, дури и кога не сте биле толку под стрес.

Loading...

 

 

Сладок мирис на урина

Кога телото ќе почне да ги разложува маснотиите и да ги користи како извор на енергија, можно е да се почувствува сладок мирис. Имено, внатре во масните киселини има кетони, вклучително и ацетон. Тој е виновен за слаткиот, овошен мирис.

Loading...

Стомачна болка

Болката во стомакот е компликација на ацидоза. Обично се јавува со болка во градите, гадење и повраќање, брзо дишење, слабост, поспаност и конфузија.

Заматен вид

Колку е повисоко нивото на шеќер во крвта, толку е поголема веројатноста дека ќе влијае на вашите очи. Високото ниво на гликоза во крвотокот може да предизвика истекување на течност во леќата. Затоа може да отече и да ја промени формата, а тоа предизвикува заматен вид.

Leave a Reply