Ова се петте најсмртоносни пиштоли на планетата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во последните 100 години се појавиле многу одлични парчиња оружје. Некои од најдобрите се стари и повеќе од еден век, додека другите се произведени пред околу 10 години, пишува nationalinterest.org.

Сите се одлични кога во прашање е одбраната, но и нападот.

Во продолжение дознајте кои се петте пиштоли кои моментално ширум светот се употребуваат, а можат да се сместат меѓу најдобрите.

Норвешка од 2021 година ќе забрани полуавтоматско оружје

Loading...

Колт М1911А1

Овој модел го дизајнирал Џон Мозес Браунинг, а се појавил на пазарот во 1911. година, Пиштолот Колт 1911 требало да ги замени послабите пиштоли со калибар 38мм кои американската војска ги користела за време на конфликтот со Филипини.

Во 1911. година бил првиот полуавтоматски пиштол на американската војска, кој обележал пресвртница, кога престанел да се користат воените револвери. Специјалната команда на американските маринци во 2012. година започнала да го употребува моделот Колт М45А1 и подоброната верзија 1911А1, како свои стандардни пиштоли.

 

 

Глок 17

Дизајнот на Хлок се врти околу три главни идеи: едноставност, сигурност и лесното користење. Лесен е за расклопување. Едно притискање на копчето е доволно за чистење и пристап на буренцето. Глокот го минал тестот да сигурност на австриската војска, „заглавил“ само еднаш во 10.000 пукања.

Од следната година „Адидас“ ќе продава патики произведени од роботи

Од оргиналниот Глок 17, кој нсоел 17 куршуми со 9-милиметарска муниција, линијата Глокс се проширила на скоро сите полуавтоматски калибри. Глок го заменил 1911А1 пиштолот во командата на специјалните операции на Маринците и Делта единиците на САД.

 

 

Loading...

Сиг П26

Настанал од швајцарско-германско партнерство на Сиг Сауер за да го замени М1911А1 во американските воени сили. Сиг П226 не добил договор, но добил огромен потик кога американските морнарични Фоки ја отврлиле Барета М9 во корист на Сиг. Го користеле 28 години, а по тој период заменет е со компактна верзија Глок 19.

П226 претставува еволуција на Сиг П220, пиштол кој го користеле по Втората светска војна западните и западно ориентирани војски ширум светот (како на пример Јапонија).

 

 

Smith & Wesson M&P

Smith & Wesson е еден од најстарите брендови кога е во прашање оружјето. Иако компанијата била најмногу позната по револверите, било неизбежно да се направи производ во стил на Глок.

Резултатот е M&P (Military&Police – Војска и полиција), кој станал многу успешен.

Десет типа на оружје забранети за употреба во воени дејства (видео)

На пазарот се појавил во 2005 година, со засилување на металниот померен рам и цевка од нерѓосувачки челик.

Во прашањ е само едно од првите парчиња оружје кое има три променливи делови на дршките, што на корисниците им овозможува да го подесат пиштолот така да подобро „лежи“ во раката. Најмногу го користи полицијата во Америка.

 

 

ЦЗ 75

Овој модел е претставен во 1975. година и позајмил многу карактеристики од нешто постариот модел на пиштол од Џон Мозес Браунинг, „Бранунинг хај пауер“ и внатрешните и надворешните карактеристики, но не е негова копија, а има и значителни разлики.

Балканот е главната рута за илегална трговија со оружје

Loading...

Пиштолот има калибар од 9мм и може да содржи до 16 куршуми, што го прави еден од пиштолите со најголем капацитет на денешницата.

Денес може да се пронајде во понапредна форма Цз 75 ДБ.

Leave a Reply