Балканот е главната рута за илегална трговија со оружје

Сподели со своите пријатели

Главната рута по која илегалното оружје се транспортира кон земјите на Западна Европа и натаму останува Балканот.

Loading...

Оружјето кое се наоѓа на црниот пазар во Западна Европа главно доаѓа преку Балканот. Според податоците од безбедносните служби, ордредено ружје кое е кроистено во последните два терористички напади во париз оваа година е произведено на балканот. Напаѓачите во Париз надоводно користеле пушки Застава М70 кои се произведени во Крагуевац.

Освен тоа, криминалната група чие дејствување пред неколку денови е спречено во италија и Косово имала огромни количини наоружување во едно косовско село.

По воените конфликти на Балканот во 1990-те години останале големи количини оружје, а подоцна тоа е фрлено во илегалната трговија. Цената на оружјето исто така варира. Така во некоја балканска земја пушката АК47 може да чини зимеѓу 300 и 400 евра, додека во некои може да достигне цена и до 2.000 евра.

На основа на студиите кои ги има спроведено Институто за мир од Брисел, поголемиот дел од илегалното оружје во Европската Унија доаѓа преку Балканот.

Зборуваме за Србија, Хрватска, БиХ и Албанија. Би можело да се каже дека многу од тие земји имаат проблем со иелгалното оружје. Во тие земји има повеќе илегално оружје од легално – изјавил за „Дојче Веле“, Нилс Дукет.

Фатос Клоси, поранешен директор на албанската информативна служба истакнува многу важен аспект во илегалната трговија со оружјето:

Терористите плаќаат многу добро, така да тие секогаш ќе пронајдат оружје на црниот пазар – вели Клоси.

Според некои податоци во Србија има измеѓу 200 и 900 илјади парчиња нелегално оружје, на Косово близу 450.000, а во Босна околу 750 илјади парчиња разновидно нелегално оружје. Колкава е таа бројка во Република Македонија, уште долго нема да знаеме.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.