Ова е најсреќниот град во светот

Сподели со своите пријатели

Доколку сакавте да го посетите најсреќниот град на светот, не мора да се стремите кон егзотични дестинации, каде се чини дека сонцето постојано сјае и сите се насмеани.

Loading...

Најсреќен град во светот е сепак Лисабон, покажа истражувањето на туристичката компанија IVisa.

 

 

За да дојдат до листата на најсреќните градови во светот, земале предвид пет фактори: животниот век, количината на сонце, работното време, трошоците за живот и пријателството на локалното население.

Првото место според споменатите критериуми го зазеде Лисабон.

Главниот град на Португалија добива дури 2.801 сончеви часови годишно, а жителите работат во просек 31 час неделно.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се омажија сијамски близначки: Вака изгледа брачниот живот во тројка

Исто така, тоа е градот кој се покажа како втор најпријателски, па ако се преселите овде или само одите на одмор – веројатно брзо ќе се дружите со луѓе…

 

 

Интересно е што следните три позиции ги заземаа европските градови.

Втората е Барселона, каде жителите живеат во просек до 84 години, а истражувањата покажаа дека работата овде е дури и еден час пократка отколку во Лисабон.

Третото место на листата на најсреќни градови во светот го зазеде Атина, а по неа е Рим.

Сиднеј е на петтото место, а потоа следат Мадрид, Торонто, Сан Хозе, Истанбул и Бангкок.

Loading...