Ова е најчестиот симптом на корона кај вакцинирани лица: Научниците изјавија изненадувачки податоци

Сподели со своите пријатели

Луѓето кои биле вакцинирани против „Ковид-19“, а потоа се заразиле со вирусот, најверојатно ќе пријават кијавица како еден од симптомите, според студијата спроведена во Велика Британија, од ЗОЕ Ковид Симптом, т.е. апликации преку кои инфицираните лица пријавуваат симптоми.

Loading...

Најчестите симптоми се треска, постојана кашлица, додека сега губењето на чувството за вкус и мирис е нешто поретко, што порано беше релативно чест симптом.

 

 

Меѓутоа, сега се покажа дека кивањето е симптом кој е почест кај вакцинираните луѓе, а овие податоци ги објави и Кралскиот колеџ во Лондон, кој обезбедува податоци за примена на ЗОЕ Ковид Симптом.

Станува збор за истражување кое се уште трае, така што информациите се уште не се официјално потврдени. Покрај кивањето, вакцинираните пријавиле главоболка, течење на носот и грло како симптоми на корона.

„Општо, слични симптоми на ковид-19 ги ​​пријавуваат и вакцинираните и невакцинираните. Сепак, во последно време, вакцинираните лица пријавуваат многу помалку симптоми, што значи дека или се помалку болни или побрзо закрепнуваат”, велат научниците.

Loading...

Вакцинираните луѓе се уште можат да бидат заразени со вирусот корона, но тие генерално имаат далеку поблаги симптоми од невакцинираните луѓе, бидејќи вакцината штити од компликации и смрт.

 

Leave a Reply