Отворена изложбата на Андријана Мациев во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер беше отворена изложбата на слики со наслов „Шарени вибрации – Разбуди се! Погледни во сонцето и насмевни се!“ од авторката Андријана Мациев.

Loading...

 

 

Станува збор за дваесеттина дела работени во последната година, во техниката акрил на платно и  претставуваат  дел од нејзината најнова продукција.

Андријана Мациев е родена 16.09.1980 во Скопје. Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје, а дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика во класата на проф.Димитар Малиданов.

 

Loading...

 

Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија и Здружението Широка Стаза од Земун.  Добитник е на многубројни награди и признанија како на домашно, така и на интернационално  ниво.

 

 

Изложува самостојно (30 тина изложби) и учествува на повеќе од 100 тина групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата.

 

Loading...

 

Има учествувано на ликовни перформанси во склоп на културните денови во Кочани, Скопје, Кавадарци, Крива Паланка и др.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

фото: Никола Ивановски