Го натера Олдрин над Библија да се заколне дека бил на Месечината, астронаутот го удри (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Слетувањето на Месечината на 20 јули 1969 година бил значаен датум во историјата на САД. Тој ден човечки екипаж стапнал на Месечината, а Америка ја однела победата над СССР во вселенската трка. Сепак, и натаму постојат оние кои веруваат дека целиот настна е лажиран и дека слетувањето на Месечината е снимено во студио.

Loading...

Еден од нив е и Бард Сибрел кој важи за најпознат скептик кога е во прашање овој случај. Теоретичарите на заговор истакнуваат дека целиот настан е голема измама, а дека се е направена за да владата стекне моќ и популарност.

Многумина со анализа на снимката и фотографиите од настанот, наводно утврдиле постоење на бројни недоследности.

Луѓето кои учествувале во мислијата „Аполо 11“ своевремено ги демантирале тврдењата на теоретичарите на заговори и тврделе дека навистина биле на месечината.

Од друга страна Баз Олдрин, еден од членовите на мисијата кој заедно со Нил Армстронг шетал по Месечината, во 2002 година токму поради овие причини, дури и го удрил Барт Сибрел и тоа пред камери.

Сибрел направил дури четири филмови во кои го објаснува своето видување за слетувањето на Месечината. Еден од нив излегол во 2001 година.

Тој во тоа време развил навика да ги следи познатите астронаути кои биле дел од мисијата и да ги тера над Библија да се заколнат дека навистина биле на Месечината.

Кога наишол Олдрин пред хотел на Беверли Хилс во 2002 година и го прашал да се заколне над Библија, тој (кој во тоа време имал 72 години) го удрил во лицето.

Loading...
https://youtu.be/CF_OeMkSAmg

Сибрел тогаш го нарекол лажливец, а Олдрин кој во тоа време постојано бил предмет на напади од сите страни, му одговорил со тупаница.

Сибрел се обидел да го тужи Олдрин, но тужбите биле отфрлени, затоа што сведоците рекле дека СИбрел непрекидно го провоцирал легендарниот астронаут.

Олдрин минал 300 часа во вселената и секогаш ќе остане запаметен поради неверојатните придонеси во човечките откритија и истражувања.

Заедно со Нил Армстронг и Мајкл Колинс избрани се за членови на мисијата „Аполо 11“.

Бил вториот човек кој стапнал на Месечината (по Нил Армстронг).

Во вселената минал 12 дена.

Извор: thevintagenews.com / фото: Youtube/Science Recruit

Leave a Reply