Отишла на одмор на викендица со сопругот и кучето, нејзиното тело било пронајдено во река (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Вермонт пронајде тело на жена во реката Сакстон. Се верува дека станува збор за Ерика Сејфрид (36) чие исчезнување било пријавено во неделата вечерта.

Loading...

Њујорчанката Ерика Сејфрид била на одмор во викендица во Вестминстер, Вермонт, со сопругот и кучето.

Последен пат била видена во неделата во 11 часот, кога излегла да го шета кучето.

Телото на жената е пронајдено во реката Сакстон, недалеку од викенд куќата, во понеделникот, а се верува дека се работи за Ерика.

Полицијата верува дека се работи за несреќен случај. Обдукцијата ќе ја потврди причината за смртта и идентитетот на жртвата.

Кучето на несреќната жена се уште не е пронајдено.

 

Loading...